БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Прилеп се санираат штетите од поплавите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Невремето што го зафати Прилеп предизвика огромни штети во одредени домаќинства и проблеми на разни делови од градот. Гградот е без интернет, а проблем има и со атмосферската канализација.

Кризниот штаб одржа состанок, јавните комунални претпријатија излегоа на терен, за да ја согледаат реално состојбата, со цел итно да се интервенира.

„Пред час и половина Прилеп го зафати силно невреме имаше силен пороен дожд со времетраење од 25 минути. На повеќе места има затната канализација и поплавени куќи. На 15 места во градот и во околината има поплави. Но, за среќа водата е исчистена по поројниот дожд.

Во населбата Варош имаше удар на гром. Нема повредени за среќа,предизвикана е само материјална штета, која што веќе е санирана од страна на екипите на ТППЕ.

А, во овој момент екипите на ЈКП ‘Водовод и канализација’ и ЈКП ‘Комуналец’ се на терен и сите дефекти ги отстрануваат. Има пријави за пет поплавени куќи, во коишто се интервенира во моментот. И покрај овие штети, мислам дека невремето помина без некои поголеми последици и се надевам дека сè ќе помине во најдобар ред“,

-изјави градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace