Граѓаните на Кочани уживаа во солистичкиот концерт на пијано интерпретиран од Благица Арсова, матурантка од Државниот музички училиштен центар „Сергеј Михајлов“ од Штип, во класата на проф. Славчo Величков.
Арсова настапи со дела од Бах, Бетовен, Рахмањинов и Шопен. Арсова досега настапувала на многу сцени, но концертите пред својата публика од секогаш и биле најдраги. За успехот на Благица Арсова говореа и нејзиниот професор Величков, како и директорката на ОМУ „Ристо Јуруков“, Елизабета Георгиева, кои го искажаа нивното преголемо задоволство за успехот и трудот на нивната ученичка.
Во текот на школувањето Арсова има освоено бројни високи награди на државни и меѓународни натпревари. Има посетувано часови кај професорите Јуриј Кот, Ѓорѓе Милојковиќ, Владимир Млинариќ и Александар Сердар.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември
Драма по планините во штипско: Полицијата ловела дрвократци по сценарио како за на филм