БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Радовишко само во две села останале 100 тони неоткупен тутун. Загрозена егзистенцијата на овие тутунопроизводители

Пренеси го гласот

Дополнителниот Заменик Министер за Земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска наспроти тврдењата на Министерот и надлежните во министерството дека е откупен целокупниот тутун од минатогодишната реколта, обелодени информации кои говорат во спротивност на ваквите изјави на министерот.

Цветан Трипуновски денеска беше во работна посета на радовишките села од каде тутунопроизводителите му посведочија дека во само две села има неоткупени над 100 тони тутун, со што егзистенцијата на овие тутунопроизводители е загрозена.

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата во јавност на Цветан Трипуновски по овој повод:

“Денеска ме побараа тутунарите од Али Коч и Коџалија да ми се пожалат дека тутунот им останал непродаден заради нереалната проценка и обезвреднување на нивниот труд.

Само во овие две села се останати околу 100 тона неоткупен тутун. Ова е само еден од примерите на кои посочував цело време додека траеше откупот на тутун. Џабе му се фалбите на Трајан кога имаме многу случаи на разочарани тутунари низ цела Македонија, а казната за тоа ќе ги стигне на 12 април.”

Креирано од:


Пренеси го гласот