Во Штип денеска во своите домови гласаат болните и изнемоштени лица за вториот круг на локалните избори. Според претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева своето право на глас го остваруваат 138 болни и изнемоштени лица, или за разлика од првиот круг бројката е зголемена за 50 лица.Претседателот на избирачкиот одбор на избирачкото место во Затвор –Штип, Трајко Јолев вели дека денеска право на глас имаат вкупно 111 осуденици, а гласачкото место е отворено во седум часот. Во затворите во земјава право на глас имаат само оние осуденици на кои адресите на живеење во личните документи им се во 35-те општини, каде што се спроведува вториот круг на локалните избори.
Гласачкото место е отворено во седум часот. Право на глас имаат 111 лица, а досега имаат гласно околу 40 проценти од лицата кои имаат право на глас. Проблеми немаме, се е во ред, а не посетија и од ОБСЕ, вели Јолев.
Во Штип утре право на глас имаат 42.083 граѓани, а ќе се гласа на вкупно 80 избирачки места. Во источна Македонија во недела ќе гласаат вкупно 90.727 граѓани на 223 избирачки места, а втор круг на Локалните избори има во општините Штип, Пробиштип, Карбинци, Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево и Македонска Каменица.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани