Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов, заедно со советничката група на опозицијата во штипскиот совет бденеска беа на теренска посета на жителите на населбата Шардаван Баши.
Притоа се запознаа со проблемите со кои се соочуваат овие луѓе во нивниот секојдневен живот.
Во продолжение го пренесуваме обраќањето на Претседателот на штипската опозиција упатено до јавноста по овој повод:
#Црно време за живот и за жителите од населбата Шардаван Баши. Овие граѓани во 21 век се без водовод и вода за пиење. Ветувања од актуелниот градоначалник и локална власт имало многу, меѓутоа тие се излажани и решенија на проблемот нема. Денес како советничка група од ВМРО-ДПМНЕ бевме на средба со овие жители со цел да ги слушнеме нивните проблеми и барања. Истите истакнуваат дека поради немањето на чиста вода за пиење не можат нормално да ги извршуваат секојдневните животни обврски. Исто така истакнаа дека секојдневно се загрижени за нивното здравје и здравјето на нивните деца поради опасноста од појава на бактерии и заразни болести.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесе иницијатива во Советот на Општина Штип за итно решавање на овој проблем. Не дозволиво е во 21 век во Штип некои граѓани се уште да немаат чиста вода за пиење. Локалната власт веднаш мора итно да се зафати со решавање на проблемите на граѓаните и да ги исполни ветувањата кои ги даваше пред изборите.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември