БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Штип одбележан денот без автомобили

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Штип прим. м-р Илчо Захариев присуствуваше на настанот за одбележување на денот без автомобили
Почитувани пријатели, денеска е ден без автомобили. Европа праќа силна порака и овие деца со велосипеди на пешачката патека зборуваат за тоа дека автомобилот не треба секогаш да ни значи основно превозно сердство. Пешачењето е корисно за здравјето, ја развиваме мускулатурата, се релаксираме и тоа е добро за менталното здравје. Возењето велосипед го јакне телото, целиот здравствен систем и лично мислам дека во Европа многу повеќе внимание се посветува на овој ден. Можеби во некои градови воопшто не се возат автомобили. Затоа добра е таа култура да се возат велосипеди. Автомобилите секако го загадуваат водухот, па затоа пешачењето и возењето велосипеди е добро за целото наше здравје.

Јас, вообичеано пешачам секој ден на пределот од Врсаково до Долно Трогерци. Тоа е некаде 8 километри во еден правец, го шетам и делот на кај Долани затоа што тоа е едно прекрасно место, убава природа, но секоја сабота и недела јас сум на пешачката патека и шетам од Ново Село до населбата Балканска што значи шест километри и назад. Посебно сум горд и среќен што штипјани добија едно такво место, конечно луѓето да излезат од дома и да има кај да отидат, што им овозможивме да ужуваат и верувајте ми коментарите и реакциите се многу позитивни. Планираме патеката да продолжи до Долни Балван и да го поврземе селото Таринци. Тоа значи дека ние во круг ќе имаме околу 20 километри пешачки и велосипедски патеки…

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace