Започнаа градежните работи за целосна рекон струкција на улицата Корушка во централното градско подрачје во Штип.
Станува збор за замена на водоводната и канализационата инсталација која што се наоѓа во профилот на улицата- фаза што беше до денес завршена.
Денес градежната оператива која е изведувач на проектот ги започна подготовките за асфалтирање на улицата со што истата ќе добие нов современ функционален изглед.
“После повеќе од 50 години, ул.,,Корушка” која се наоѓа во централното градско подрачје, се реконструира.
Најнапред направивме целосна замена на водоводната и канализациона мрежа, а од денес започнавме со подготовка за асфалтирање на улицата.
Граѓаните од оваа улица ќе добијат комплетно реконструирана улица со нов водовод и канализација.”
-информираше градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол