Надлежни екипи по налог на општина Кочани и градоначалникот Љупчо Папазов, започнаа со редовното обновување на постојната и поставување на нова вертикална сообраќајна сигнализација на улиците во Кочани.
Ваквата акција ќе придонесе значително кон подобрување на состојбата со сообраќајот во Кочани, во интерес на сите граѓани.
“Почитувани учесници во сообраќајот,
Во тек е периодичното одржување на јавните патишта и улици. Општина Кочани парцијално поставува нова и ја менува дотрајаната вертикална сигнализација. Со подобрување на временските услови денес започнува бележењето на хоризонталната сигнализација.
За непречено и брзо завршување на работите кои се од јавен интерес и за зголемување на безбедноста во сообраќајот потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост.”
-информираат од општина Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево