БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Зрновци и Чешиново-Облешево ќе се гласа и во втор круг

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во општина Зрновци кандидат за градоначалник ќе се бира во втор круг од локалните избори. Разликата меѓу двата кандидата за градоначалник е 331 глас, информираше Светлана Димитрова, претстедател на ОИК во оваа општина.

Кандидатот за градоначалник Ванчо Митев од редовите на СДСМ и коалицијата освои 460 гласа, а Блаже Станков од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби 791 глас. Во Зрновци глсаа 1.631 граѓанин со право на глас.

Листата на советници од СДСМ и коаиционите партии доби 37,1 проценти од гласачите и освои 4 советнички места, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 42,9 проценти од гласовите и освои исто така четири советнички места. Едно советничко место во идниот совет на општина Зрновци освои листата на група избирачи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И во општина Чешиново Облешево, според изјавата на Весна Ѓорева Малинов, престедател на ОИК, ќе се оди на втор круг од локалните избори. Таму кандидатот на СДСМ и коалицијата Горанчо Крстев освои 1.938 гласови, додека Горанчо Зашов од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата доби 1.977 гласови. Во оваа општина гласаа 4.164 избирачи, а излезеноста беше 73 проценти.

Кај Листата  на советници подеднакво добија по пет советнички места и двете партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, додека едно советничко место освои партијата Народно движење за Македонија. (МИА)

Извор: Курир

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace