Аруба е засебен остров кој што е дел од Карипските острови кој што се издвојува со својот пејсаж и своите природни карактеристики особено по своите крваво црвени зајдисонца. Сите плажи се јавни со што е овозможено на сите посетители подеднакво да уживаат во природните убавини.
Она со што може да се пофали овој туристички локалитет се изобилството на егзотичен животински свет кој што хабитира на островот а највпечатливи се преубавите фламинго птици кои се пријателски расположени за секој добронамерник.
Ренесансниот остров е дел од поголемиот остров Аруба кој што е во приватна сопственост на приватната компанија Renaissance Aruba Resort & Casino. На овој приватен остров може да закупите свој интимен приватен простор за да уивате во прекрасниот пејсаж околу.
Самиот остров има своја приватна плажа која се нуди на гостите во рамки на хотелските и останати услови за претстој во комплексот. На оваа приватна плажа во Аруба не мора да бидете гости во ресортот за да уживате со фламингата. Можете да се купите дневна пропусница за 99 долари од човек. Влезницата вклучува ручек, коктел и душек за вода. Од овој магичен остров ќе останете воодушевени цел живот, а воедно на влезот на ова магично гратче , на регистарски таблички пишува “Еден среќен остров”.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости