Сообраќајот за товарни возила преку граничниот премин Делчево – Станке Лисичково меѓу Македонија и Бугарија е времено во прекин од 17:10 часот во двата правци, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.
Причина за прекинот се технички проблеми на граничниот премин.
Бугарското МВР додаде дека за излез од Бугарија чекале 25 товарни возила, а за влез три.
Од бугарската погранична полиција ги советуваат возачите на товарни возила, кои патуваат во правец кон Македонија да се пренасочат кон граничниот премин Златарево-Ново Село.
Македонското МВР потврди дека во прекин е товарниот сообраќај од бугарска страна и напомена дека патничкиот сообраќај се одвива нормално.
Извор: Сител


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати