БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Втора година Бочварски се слика со истите цевки за да покаже дека нешто работи, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иван Јорданов на социјалните мрежи го обвини Градоначалникот Бочварски дека во јавноста пласира информации дека “демек нешто работи” преку манипулации споделувајки повеќекратно фотографии за една иста работа која е започната од претходната власт.

Колку пати треба да се сликаш со иста работа за да се каже дека демек нешто се работи?
Да не сте за жалење, ќе бевте за исмејување.
Морам да признаам дека манипулацијата со јавноста е тоа што најдобро го правите. Во случајот со водоводот во населба Балканска изгледа колку повеќе се сликате со иста работа, ќе успеете да не убедите дека нешто работите.

Да појаснам за јавноста, дека водоводната линија до населба Балканска е претходно проектирана, а потребните цевки се набавени од претходната локална власт. Единствено нешто што остана е ЈП Исар да ги постави и приклучи цевките на водоводниот систем. Па, така веќе втора година се сликаме со истите цевки, колку да бидеме присутни во јавност и да прикажеме дека еве работиме (крупни капитални проекти).

Доколку и сликањето не помогне, тогаш должината на водоводната линија ќе ја изразиме во милиметри за да изгледа поубедливо.

#НеспособностНаДело

-напиша на фејсбук Иван Јорданов.

Креирано од:


Пренеси го гласот