БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зајакнување на соработката меѓу ДЗР и Јавното обвинителство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претставници на Државниот завод за ревизија предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и претставници на Јавното обвинителство предводени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на 4 ноември 2021 година, остварија работна средба во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2018-2022 година“, кој Државниот завод за ревизија го реализира  во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер и Институтот Ресис.

Целта на одржаната работна средба претставува имплементацијата на Комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија која во оваа фаза е фокусирана на структурирање и подобрување на комуникацијата и соработката со Јавното Обвинителство и останатите надлежни институции, со што ќе се обезбеди доследно остварување на законските надлежности.  

На состанокот беше презентиран нацрт – протоколот за комуникација помеѓу двете институции кој треба да придонесе за зајакнување на комуникацијата и соработката, за што претставниците на двете институции изразија подготвеност за интензивирање на активностите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Работната средба резултираше со заклучоци во насока на номинирање на лица од двете институции за остварување на побрза и поефикасна комуникација, иницирање на едукативни настани за ревизорите и обвинителите како можност за размена на искуства и знаења, заедничко дефинирање на форма во која ќе бидат посочени наодите и утврдени состојби од Конечните ревизорски извештаи по кои согласно законските надлежности треба да постапува јавното обвинителство, како и потпишување на Меморандум за соработка.

Извор: Државен завод за ревизија

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace