БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За денес во Штип е најавен масовен студентски протест против двојазичност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес во 18:00 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип ќе се организира протестен марш против двојазичност и промена на името. Протестот е во организацијата на студенти од штипскиот универзитет. Поводот и мотивите за овој протест како што истакнуваат организаторите е младите да го кренат гласот против разнебитувањето кое и се случува на Македонија преку изгласување на неуставен закон за јазици и преку нетранспарентното водење на преговори за името на нашата држава. Како што истакнуваат тие се водени од идеалите на славните наши херои и борци за слободна и независна Македонија. Овој марш има непартиска природа и поканет е секој оној кој не се согласува со воведување на двојазичност во неговата општина и секој оној кој мисли дека Македонија губи во преговорите за името. Покрај протестна порака овој настан ќе има и културен карактер. Истиот ќе биде збогатен со музичка програма, настап на фолклорен ансамбл и говор на студенти. Исто така претставници од организациониот одбор ќе положат и свежо цвеќе во штипско Ново Село во дворот на училиштето каде учителствувал големиот деец и револуционер Гоце Делчев. Студентите повикуваат секој кој мисли добро за иднината на младите во Македонија да им се приклучи на овој протестен марш.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace