По откажувањето од страна на МРТ поради финансики проблеми, Македонија се најде помеѓу ретките земји во светот во која нема да се врши телевизиски пренос на еден од најатрактивните спортови, формула 1. Поради ова на социјалните мрежи можеше да се забележи револт кај македонската публика која ја има во голем број истата реагираше на најразличен начин преку потпишување на онлајн петиции и сл. Меѓутоа благодараение на Телевизија 24 фромула 1 трките од следниот викенд ќе бидат достапни за сите љубители на овој спорт во Македонија.
Преносите ќе почнат од трката за големата награда на Бахреин, на 8 април, а по неа ќе следат уште 19, засклучно со 25 ноември, кога ќе се вози во Абу Даби. Телевизија 24 ќе биде четвртиот македонски канал по МРТ, Канал 5 и Алфа, која некогаш пренесувала трки од Формула 1.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи