Канал 5 телевизија повеќе нема да биде дел од програмскиот пакет кој го нуди кабелскиот оператор Телекабел.
Во соопштението објавено на нивната веб страница стои:
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека Договорот за реемитување со Канал 5 телевизија е истечен.
Од наша страна им доставивме потпишан Договор на 20.03.2018 година, кој не беше потпишан од нивна страна.
Согласно Законот за авторски права ние сме должни да реемитуваме само канали за кои имаме уредено авторски права и кои се одобрени од страна на АВМУ.
Со оглед на тоа што немаме Договор со Канал 5 телевизија, принудени сме оваа телевизија да ја исклучиме од нашите пакети.
За секоја настаната промена, ќе бидете навремено известени.
Со почит,
Телекабел


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот