БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Директорите на затворите Штип и Куманово си играат на ти го дај ми го

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во недостиг на реални проекти и инвестиции во затворите директорите на затворите во Штип и Куманово решија да глумат хуманитарци. Така за да може да се појават во јавноста си измислија донации кои си ги подарија едни на други. Директорот на затворот  Куманово, Марјан Спасовски на својот колега му подари (читај размени) апарат за електро шокови- дефибрилатор. Додека пак директорот на затвор Штип, Мики Тодоров на својот колега му подари (размени) средства за хигиена. Според ваквата донација испѓа дека затворот во Куманово нема ниту сапун за миење на раце и дека до сега хигиената била на очајно ниво штом дојде ред колегите да „донираат“ хигиенски средства.

За оваа трапма директорите и јавно се пофалија на Фејсбук.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваков вид на донации(трампи) до сега не се забележани. Да биде иронијата поголема говори и фактот што овие две институции се во сопственост на државата што значи добиваат пари од исти буџет. Поточно овие средства се набавени со државни пари и не може да се наречат донации. Под донација се подразбира да ти помогне некој од страна со средства кои не се предвидени во твојот буџет. По се’ изгледа директорите во недостиг на идеи за подобрување на условите во затворите решиле да си прават забава.

Креирано од:


Пренеси го гласот