БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“За Кого како”: “Преку ред” со новa музичка нумера која е континуитет на нивната претходна работа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Скопскиот emo rock состав “Преку Ред” пред некој ден го објавија својот нов сингл насловен “За кого како”.

И понатаму милениците на скопската млада популација која што се движи на возраст од 14 па до 20-тина години пријатно изненадуваат со својата енергичност и милозвучност кои не се обременети од некои тешки општествени теми, што е своевидна реткост во ова наше секојдневие.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нумерата “За кого како” следува после подолг временски период на творечко затишје на бендот, но доаѓа токму со потребната жестина и ентузијазам за да го одбележи со позитива ова време на креативна потиштеност кај музичката рок сцена во Македонија.

Антони Анев, Никола Стоименов, Христијан Тасевски и Марко Станчевски со оваа песна продолжуваат со својот младешки музички наратив за теми кои што им се својствени на нив и на младите дечки како нив, со нивното секојдневие и емоции.

Она што “Преку ред” ‘ќе го соопшти во интервјуто кое го реализиравме во месец август 2023 година пред нивниот настап на Рудар Рок Фест 2023 година дека

“Звукот е инспириран од бендови и артисти кои ни биле идоли со години и чија музика не има споено нас четворица, а текстовите и музиката произлегуваат од се што ми се случува што ме фрустрира или ми претставува задоволство, без претходно планирање или осмислување….”

-со оваа нивна нова музичка нумера доаѓа до полн израз и на тој начин “Преку Ред” алармираат за малите работи во животот кои што треба да му дадат нишка на убавина.

Се на се убав континуитет е оваа нивна нова нумера која може да ја послушате/погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace