Делчево ја стартуваше реализацијата на Програмата „Најдоброто од Делчево“ која е наменета за развој и афирмација на потенцијалите за Локален економски развој на Делчево и интерсекторско поврзување на сите дејности на Општината во функција на Локалниот економски развој.
Општина Делчево располага со значаен природен, културен и човечки потенцијал кој сè уште не е доволно видлив и искористен. Со оваа Програма се дефинира систематски пристап за промоција на Општината како атрактивна, одржлива и отворена за соработка заедница, со јасно позиционирање на различни нивоа.
Главната цел на оваа Програма е афирмација на потенцијалите за развој на Делчево во локални, национални и меѓународни рамки.
Додекa специфичните цели се однесуваат на: Јакнење на препознатливоста на Делчево како современа и автентична општина; Поттикнување на туризмот, инвестициите и културната размена;Промоција на локалниот идентитет, традицијата и природното богатство; Вклучување поединци (граѓаните, младите и дијаспората) во промотивните процеси; Подобрување на капацитетите на Општина Делчево и нивото на соработката на општина Делчево со регионални, национални и меѓународни организации.
Овие цели во рамки на програмата се дефинирани по специфични нивоа на имплементација и тоа: Локално ниво; Регионално ниво; Национално ниво; и Меѓународно ниво.
Како програмски столбови на програмата се застапени:
________________________________________
СТОЛБ 1: БРЕНДИРАЊЕ И ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ
________________________________________
СТОЛБ 2: БИЗНИС СЕКТОР И СТОПАНСТВО
________________________________________
СТОЛБ 3: КУЛТУРА, ТРАДИЦИЈА И НАСТАНИ
________________________________________
СТОЛБ 4: ТУРИЗАМ И ПРИРОДНО НАСЛЕДСТВО
________________________________________
СТОЛБ 5: МЛАДИ, СПОРТ И СОВРЕМЕН ЖИВОТ
________________________________________
СТОЛБ 6: НАЦИОНАЛНА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО ПОЕДИНЦИ И ОРГАНИЗАЦИИ
________________________________________
Оваа Програма во себе инкорпорира поширока КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА на Општината и локалните институции со која ќе го запознаеме светот со убавините и можностите за раст на Општина Делчево.
Како ОДГОВОРНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА се следните носители:
•Општина Делчево
•Јавни установи и институции
•НВО и културни здруженија
•Бизнис– сектор и туристички субјекти, а фондот на партнери за имплементација на оваа секојдневно се зголемува.
„Најдоброто од Делчево” е силна порака за визијата на нашето Делчево.
Заеднички да се вклучиме сите за да изградиме уште поубаво место за живеење, посета, водење бизнис и сл.
Оваа Програма ќе има и посебен препознатлив брендинг.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа