Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов денеска излезе со соопштение упатено до јавноста во врска со дебаклот на Зоран Заев во меѓународните односи на Република Македонија, по епизодата со недобивање на датумот за почеток на преговорите со ЕУ.
Во продолжение го пренесуваме неговото соопштение:
Тажната реалност во која живееме, предизвикана од лошото владеење на СДС, денес го доживува својот расплет. Со своето неодговорно владеење СДС ја загрози европската иднина на државата.
Денес граѓаните на Штип очекуваа да слушнат дека добиле бесплатни здравствени услуги низ цела Европа. Земјоделците очекуваа да слушнат дека добиле олеснет извоз и сигурен пласман на своите земјоделски производи.
Студентите очекуваа да слушнат дека добиле бесплатни студии низ цела Европа…
Но, за жал овие и уште низа други ветувања СДС ги претвори во збирка од искажани лаги.
За сите лажни вести кои беа употребени за време на референдумот и во изборната кампања, ќе одговараат пред граѓаните на Општина Штип, на следни избори кои наскоро ќе се случат.
СДС со рекет реформите, криминалот и продажбата на националните интереси, ја доведе државата во подредена положба, а граѓаните излажани и понижени.
Потребна е итна оставка од сите функционери на власт и распишување на предвремени парламентарни избори.
Потребна е обнова на Македонија!
-стои во реакцијата на Иван Јорданов од Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке