БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За така ле бехме ??!?? “Војна” за гребаниот асфалт во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во јавноста во Виница циркулираат информации претежно преку социјалните мрежи дека гребаниот асфалт кој претставува отпад при реконструкција на булевар во градот, служи за предизборен поткуп на гласачи на владеачката СДСМ.

Имено наместо асфалтот како материјал кој што ја загадува трајно животната средина и треба да биде депониран на соодветна депонија и третиран на соодветен начин со цел да не предизвика долгорочни последици врз животната средина, тој се разнесува низ општината како секундарна суровина за тампонирање на делови од јавни и приватни површини.

За ваквата алармантна појава своја реакција имаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во јавност упатена преку социјалните мрежи:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

” Јавно го прашуваме градоначалникот Ивица Димитров каде се носи гребениот асфалт од реконструкцијата на булеварот ❓

Дали се носи кај истакнати активисти на СДСМ Виница на нивните приватни имоти ❓

Дали голем дел од гребениот асфалт е даден на еден приватен стопанственик од Виница и истиот се ПРЕПРОДАВА ❓

Зошто не е одговорено на барањето на група граѓани на општина Виница да добијат гребен асфалт за тампонирање на неасфалтирани улици, кое е уредно доставено до архивата на општината ❓

Зошто како сите општини во РМ гребениот асфалт не се користи за тампонирање на улички во руралните места кои не се асфалтирани ❓

Очекуваме одговор од градоначалникот во заминување кој пред 4 години се колнеше во отчетност и транспарентност ❗

#ЧетириГодиниУкраденЖивот #ДостаЕ #ВиничкатаЈавностБараОдговори# СоМолчењеЛиЌеЈаБаратеПоддршкатаОдГраѓанитеНа17Октомври

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace