БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Автор на нон-пејперот со Бугарија е Никола Димитров за дефокус на јавноста од одговорноста на Филипче

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Властите платени од парите на сите граѓани ја менаџираат кризата која се случи со катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница во интерес на одржување во нивните фотељи. Ваквата теза ја пласираше синоќа Александар Николоски во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа зборувајки за една активност со која што актуелната власт се обидела да го сврти вниманието на јавноста кон друга тема, но не им успеало.

“Сериозен- жесток притисок вршат врз сопственици на медиуми да темата воопшто не се експлоатира во јавноста. Па прво пробаа средба со Ангела Меркел, но се избањаа бидејки видоа дека канцеларката беше во Белград и во Тирана ама не дојде во Скопје, нели кај големиов “реформатор” и “признат од меѓународната заедница”. Па после се обидоа со non-paper, кој што го има куцано Никола Димитров- вака да не ја замајува јавноста. Еве ексклузивно за вечерва: Автор на non-paper-от за односите со Бугарија е Никола Димитров со цел да се дефокусира вниманието на јавноста. И тој затоа знае дека граматички е неточен бидејки тој го има правено. Еве нека ме демантира, сега дали тој сам го куцал или му го диктирал на некого па некој друг го куцал е прашање на техника. Возможно е и секретарката да го куцала, овој да го диктирал, значи автор на non–paper-от е Никола Димитров со цел да се дефокусира. Ама и народот не се “фати на таа јадица”.

Како никогаш претходно се држи тема, затоа што поголема тема од ова нема. Суштината на оваа тема не е дека се само изгубени човечки животи. Туку суштината е дека се изгубија човечки животи таму каде што луѓето одат да се спасат животи. Значи луѓето одат да си го спасат животот во болница и болницата гори заради мафијаши. Затоа што ова што се случи е комбинација од неспособност и криминал.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-рече Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во врска со ваквата состојба.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace