БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Д-р Саше Апостолов носител на листата за советници на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Саше Апостолов е активен член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНE. Емпатијата и општествената одговорност биле меѓу најважните клучни фактори за Апостолов активно да почне да се занимава со политика. Токму неговата професија – дипломиран лекар по општа медицина му овозможува одблизу да се соочи со проблемите на народот.

Тој вели дека само активно учество на младите луѓе на локално и регионално ниво е неопходно ако сакаме да изградиме подемократско и перспективно општество. Додава дека учеството во демократскиот живот во било која заедница е повеќе од гласање и излегување на избори.

‚‚Знаејќи дека промените сами по себе не доаѓаат, одлучив активно да стапам во политичкото делување со тоа што ќе бидам носител на советничка листа на претстојните локални избори во Општина Виница. Сведоци сме дека гласот и потребата на младиот човек се ставени на маргините, а токму тие треба да бидат движечка сила за едно правилно развивање на општеството. Единствен начин за остварување на идеите за промени е во политичкото дејствување, затоа што колку и да не сакаме да се занимаваме со политиката, таа е во секој аспект од нашето живеење“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој е за идеја оплеменета со енергија за нови политики што се надвор од досегашниот шаблон на дејствување, размислувања надвор од кутија кои ќе донесат прогресивност и визија, за иднината која сакаме да ја градиме, а пред сѐ да останеме свои на своето.

‚‚Предвесник за еволуција на едно општество се младите, тие треба да ја преставуваат авангардата која ги носи промените. Недостатокот на напредок, ни зборува за апатијата која зема се поголем замав. Свесни сме дека иднината е во рацете на младите кои имаат потенцијал да бидат агенти на промена за демократијата и економијата, а истовремено тие се следната генерација на лидери, политичари, едукатори и работодавачи‘‘.

Тој завршува со тоа дека секоја индивидуа своето политичко дејствување го заснова на свое лично убедување, дали тоа е водено од алтруизам или пак е водено од можноста за остварување на одредена корист, е резултат на матрицата од која е произлезена самата личност.

Од интервјуто за порталот Гоце.Мк 👇
https://goce.mk/%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d1%8×2%d0…/

#ОбноватаДоаѓа#МакедонијаЗаСитеЛуѓе
#ВистинскиотИзборЗаВиница

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace