Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ заедно со својот тим вчера (25.09.2018) оствари теренска посета во Општина Сопиште.
На средбата со граѓаните се дискутираше околу актуелната состојба поврзана со капитулантскиот договор од Преспа за преименување на Република Македонија и македонскиот народ.
Владата на пред да дојдат на власт ветуваа се и сешто, но еве веќе година ипол тие не мрднаа со прста за државата. Граѓаните на Република Македонија ги презадолжија, секојдневно се соочуваат со криминал низ улиците, посочи Николоски.
Заев со договорот што го склучи со Грција ја понижи државата, бидејќи се направија големи отстапки во кои и трајно се нарушени позициите на нашата држава.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека граѓаните на Република Македонија треба сами и на своја волја да одлучат како ќе постапат на референдумот, нагласи Николоски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“
Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји
МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА COP31 ВО ТУРЦИЈА