Ако сте сопственик на милениче, веќе знаете дека не постојат зборови што можат да ја опишат радоста и љубовта која домашните миленици ја носат во вашиот живот.
Миленичињата се совршен дел од секое семејство. Љубителите на крзнените пријателчиња со нетрпение чекаат да поминат извесно време играјќи со нив, а тие за возврат можат да прават безброј лудории и трикови за да нѐ натераат да се смееме, тие се неверојатни со децата и нудат безусловна љубов.
Миленињата секогаш се тука за нас кога се чувствуваме тажни или осамени, кога ни треба утеха и пријатна прегратка, но и кога сме среќни што животот понекогаш може да биде премногу убав за да биде вистина.

Ова објаснува зошто луѓето сметаат дека е премногу тешко да се збогуваат со своите миленици. Губењето на милениче е секогаш трауматично и болно искуство, како што е заминувањето на најдобриот пријател.
Бројни луѓе ја потценуваат болката почувствувана откако изгубиле куче или мачка, или било кое друго домашно милениче, па истражувачите испитувале како се чувствуваат сопствениците во овие случаи.
Студијата била спроведена во Одделот за психологија на Универзитетот во Ново Мексико. Истражувачите ги прашувале сопствениците на миленичиња за нивните чувства по загубата на нивното домашно милениче, и сите се согласија дека болката е премногу интензивна и длабока.
Интересно, хавајски истражувачи дури откриле дека болката по смртта на милениче обично е подолготрајна од болката што ја чувствуваме од губење на некој близок.
Бројни луѓе се согласуваат дека не можат да ја споредат болката што ја доживеале по губењето на нивното домашно милениче со оној по загубата на некој близок. Ова може да се објасни само со фактот дека сопствениците на миленичиња се длабоко поврзани со своите сакани крзнени пријателчиња и страдаат по нив како да го изгубиле својот сродник.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
🎭 Поддржете ги нашите 16 млади балетски уметници да заблескаат на Финалето на Youth American Grand Prix! ✨
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2025. – повик за пејачи, автори од Македонија
Таа е кралицата на New Age музиката, живее во замок до кој се пристапува со хеликоптер