БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започна изградбата на нов јавен паркинг за тешки товарни возила во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Метежот кој што го создаваа паркираните тешки товарни возила во Македонска Каменица во блиска иднина ќе биде минато. Денеска започна изградбата на нов паркинг за тешки товарни возила и за автобуси во Македонска Каменица кои што се присутни по улиците и јавните површини вбо Македонска Каменица долги години наназад. Ваквите несоодветни паркирања беа нужност за сопствениците на вакви возила поради непостоење на соодветен паркинг простор, но сега со изградбата на овој нов паркинг ќе се решат многу главоболки како на граѓаните така и на самите сопственици. Овој проект се реализира од страна на општината на директно барање на самите граѓани.

Според најавите на Градоначалникот Димче Атанасовски новиот паркинг простор покрај обезбедено паркирање за габаритните сообраќајни возила ќе има и посебен дел каде што жителите на Македонска Каменица ќе можат привремено да ги депонираат хаварисаните возила кои што до сега ги нагрдуваа јавните површини и сообраќајници низ градот.

✅ Започнавме со уредување на паркинг простор за товарни возила, но и за стари и хаварисани возила.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

💯 Паркинг просторот ќе биде на располагање на сите сопственици на товарни возила, а дел од просторот ќе биде уреден за депонирање на хаварисаните возила.

💪 Продолжуваме посветено во создавањето квалитетни услови за живот во централното градско подрачје.”

-соопшти за јавноста Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace