БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започнува нова соработка меѓу Македонската дијаспора од Европа со локалните заедници во Република Македонија

Пренеси го гласот

Во петок (28.12.2018 година) со почеток во 15.30 часот во Делчево се одржа првичната иницијална средба на Иницијативата за соработка меѓу Македонската дијаспора преку Координативното тело од Европа и локалните заедници во Република Македонија.

На средбата која беше од информативен карактер учество зедоа петнаесетина граѓани на Делчево и претставници на Македонската Дијаспора во Швајцарија, Италија, Англија и Словенија.

Во своите воведни излагања иницијаторите на оваа соработка накратко ги образложија целите и мотивите за ваквата иницијатива.

Во рамки на Информативната трибина свое учество зедоа и присутните граѓани и останатите присутни припадници на Македонската дијаспора, во заедничка неформална дебата и размена на првични идеи и мислења за започнатата иницијатива.

Планот на иницијаторите е оваа иницијатива да се прошири на повеќе локални заедници во Република Македонија се со цел за подобрување на граѓанскиот активизам и граѓанското општество во државата со споделување на позитивни пракси од Македонската дијаспора во целиот свет.

Во продолжение ги пренесуваме изјавите на дел од иницијаторите:

Креирано од:


Пренеси го гласот