Книгите дефинитивно можат да бидат имагинација, гледајќи го неверојатниот Џејмс Тревино. 24 годишниот Џејмс се прослави со аранжирањето на неговата збирка со книги, во разни „литературни“ сцени, а повеќе од 120.000 следбеници на Инстаграм, се воодушевуваат на неговите богато украсени декорации.
„Прво започнав со споделување фотографии с о книгите што моментално ги читав. Со тек на време, сцените стануваа сè повеќе и повеќе комплицирани, претежно инспирирани од поп културата, а некогаш и од одредени слики што ги гледам на Инстаграм. Секоја сцена поминува низ дефиниран процес на создавање. Најпрвин, дискутираме околу идејата со мојата блиска пријателка Елизабет. Потоа, откако ќе имаме некоја општа идеја, ние двајца се обидуваме да ја доближиме што е можно поблиску до нашата визија. Доколку испадне дека концептот е премногу голем за да го собере во една рамка, комбинираме две или повеќе фотографии при уредувањето“ – објаснува Џејмс.
Тревино е сопственик на повеќе од 1.100 книги во неговата колекција и не планира да престане да ја збогатува. Темите во неговите аранжмани генерално се потпираат на неговите две омилени книги: „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од Џ. К. Роулинг и „Силмарилион“ од Џ.Р.Р Толкин.
Бидете дел од неговите следбеници и уживајте во неговата совршена креативност.



































СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?