БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Застарен си како маалска продавница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Цинизмот не е мудрост, сарказмот не е идеологија, сеирот не е начин на суштински живот а лицемерието е отров….

Денеска е пазарен ден, на градскиот пазар во Делчево ама што ми вреди кога пиљарите работат како нова индустриска револуција по појавата на линиите за производство на текстилни производи…

“Застарен си како маалска продавница” е идилична нова филозофија на нашето време, соочени со хипер маркети и бескрајно мачно развозување на жичани колички по глосираните плочки.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Чиниш сме тргнати по Голгота!

Најчудни се промоциите што ги прават касиерките на самата каса за попусти за производи пред поминување на рок на траење, па сиромашен народ- жив ѓавол- шо да прај купува во последни моменти на фото финиш пред да застрже печатачот на фискалната сметка. Таму се коват рѓосаните клинци во напатените работнички раце а мачениците понизно бараат уште…

Се прашувам како генијалците не направиле новчаници со подолг рок на траење од 12-13 -ти во месецот?

Пред некој ден ми падна во очи слика на четиричлено делчевско семејство со помали дечиња како пазарува во еден од многубројните маркети во градот… Семејството живее во едно од преубавите делчевски села и претпоставувам дека немаат можност почесто да “шетаат” по светкавите лизгави плочки во ваквите маркети… Се пазарува скромно со молк и тишина. За секој производ по двапати се проверува цената на рафтовите а се скока од линија на линија во маркетот само со 2-3 производи…Кошничката се наполни со елементарни животни намирници кои претпоставувам ќе им траат повеќе недели… Дечињата мирни, културни, без видливо чувство на возбуда одолеваат силно на околината исполнета со “сјајни” измаркетирани отрови спакувани во епектакуларна амбалажа.

Си велем има се уште семејства каде не влегол “ѓаволот”.

На други 2-3 различни страни во маркетот во тие моменти имаше мали деца со по 2-3-4 годинки кои што ревносно се бореа со мајки/татковци за да приберат глупост повеќе во нивната мрежна количка која искрено ми наликува на затвор на човечката немоќ и беда.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace