Ceлото Оравица -радовишко беше погодена од големо невреме проследено со силни врнежи од град. Притоа причинета е голема материјална штета особено на насадите со тутун и на овошките. Оштетените земјоделци го повикуваат градоначалникот на општина Радовиш веднаш да пушти комисија за проценка на штетите. Исто така апелираат и претставници на Министерството за земјоделие да дојдат во постраданото село и лично да се уверат и да се заложат да бидат обештетени во целост како што и претходно во вакви ситуации владата ги обештетувала 100 %.
Доколку институциите не се одзват на овој апел земјоделците од Радовишко најавуваат дека ке превземат други мерки.







СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ова се имињата на 10 најдобри матуранти од делчевската гимназија кои добиваат богат награди од општината и Градоначалникот
Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’
Димитријевиќ: Скандалозно е премиер да се слуша и да му сугерира на обвинителот како да постапува