Овој импозантен објект на американската и светска бруталистичка архитектура е отворен во 1970 година по 5 годишна изградба која започнала во 1965 година. Дизајнот на овој архитектонски зафат кој се чини дека пркоси на гравитацијата е на архитектот Вилијам Переира. Оваа осумкатна зграда е изградена од лачни сводови и меѓукатни платформи што во визуелна смисла настојува да постигне перцепција на човечки раце кои нагоре кон неботи издигниваат купче книги.
Оваа библиотека во себе содржи над 7 милиони наслови на книги меѓу кои се наоѓаат книгите од колекцијата на Др. Сјуз (Dr. Seuss) која колекција е единствена од ваков тип во светот. во чест на кого е именувана оваа универзитетска библиотека.
На 1-ви Декември 1995 година Универзитетската библиотека во Калифорнија го доби името на Одри и Теодор Жизел (Dr. Seuss) за добротворниот придонес кој го направиле за библиотеката и воопшто за афирмација на литературата на светско ниво.
Во оваа своевидна кула од 4-тиот до 8-от кат се сместени библиотечниот простор и едукативниот оддел додека 1-от и 2-от кат се наменети за сервисни услуги поврзано со дејноста на библиотеката.Оваа армирано бетонска стаклена структура се наоѓа на устието на кањонот во самиот центар на универзитетскиот кампус.,
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Заборавен од своите соиграчи
Ова е најсмртоносниот ураган во светската историја со 22000 несреќни души загинати