Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов ја информира јавноста за изградбата на нови улици за жителите на населбата “Каваклиски Рид” во Штип
“Продолжуваме со работа во населбата “Каваклиски рид”!
На барање на граѓаните после долги години, денес се бетонираат заборавени краци од улици, со цел подобрување на условите за живеење на овдешните жители.
Претходно во оваа населба се работеше на промена на водоводната мрежа, надминувајќи го проблемот со слабиот притисок, а паралелно се работи и на поставување на улично осветлување и уредување на целата населба.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Јорданов- Градоначалник на Штип.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”