БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Делчево се одржа Вториот Регионален Саем за Наука

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во четврток 18.04.2024 година во Спортската сала при ООУ “Св. Климент Охридски” во Делчево се одржа Вториот регионален саем за наука за ученици од основното образование од повеќе градови во источна Македонија.

Настанот беше во организација на иницијативата “Македонија 2025” во партнерство со приватната компанија Џонсон Мети како и повеќе други организации и поединци.

Над 35 ученици од шесто одделение од основните училишта од Делчево, Струмица и Валандово имаа можност да ги промовираат своите иновативни научни проекти во спортската сала во Делчево пред над 100-тина присутни гости.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Настанот кој се одржа под името “Науката и Јас” беше хостиран од страна на ООУ “Св. Климент Охридски” чии што ученици се покажаа во најдобро светло на самиот саем.

Креирано од:


Пренеси го гласот