По неодамнешното фотографирање и давање на изјави за медиуми подобни само на градоначалникот Горан Трајковски на трасата за изградба на алтернативниот локален пат Делчево-с. Тработивиште дека со изградбата на овој локален пат за жителите на селата Тработивиште и Разловци ќе се подобрат сообраќајните услови, со свои реакции во јавноста помеѓу останатите се обратија и жители на селото Разловци.
Станува збор за отворен револт за тоа што се трошат огромни народни пари за алтернативен пат кој нема голема фрекФенција на сообраќај од страна на градоначалникот Трајковски и Министерството за транспорт и врски додека постојниот регионален пат с. Тработивиште- с. Разловци е целосно деградиран на одредени делници што предизвикува животно загрозувачки опасности за возачите. Постојниот регионален пат Р2346 меѓу селата Тработивиште и Разловци е граден во 70 години од минатиот век и е во крајно очајна состојба што секојдневно им зоздава проблеми на жителите кои сообраќаат по овој патен правец.
За ваквата состојба реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои со сите сили во Советот на општина Делчево се борат за исполнување на барањата на жителите на с. Разловци но со оглед на игнорантскиот однос на надлежните овие обиди кои не наидуваат на слух кај градоначалникот, владеачкото мнозинство во советот, но и централните власти водени од СДСМ и ДУИ.
“Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево ги прашуваме и Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, зошто немаа доблест и храброст да отидат на само неколку километри од местото каде најлицемерно држеа прес за тоа дека наводно се грижат за подобрување на инфраструктурата во Општина Делчево и да ја видат вистинската слика за тоа, навистина во каква ситуација е патниот правец кој води до село Разловци.
Жителите од село Разловци неколку пати алармираа за овој проблем и затоа од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Делчево на 01.12.2021 година, дури и доставиа барање до Градоначалникот Горан Трајковски, за нужноста и потребноста за итна санација на овој патен правец, за кое има и повратен одговор дека Градоначалникот е запознаен со овој проблем. До денешен ден санација и план за санација на овој патен правец кој им е од особена важност на жителите на село Разловци нема ниту од Владата предводена од СДСМ, ниту од Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски.
Жителите од село Разловци апелираат дека се потребни нови избори, затоа што само тогаш веќе споменатите се сеќаваат на Нив и само тогаш ќе имаат шанса да го видат овој патен правец во каква состојба е и со какви секојдневно проблеми се соочуваат жителите од ова село.”
-стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео: Спроведена акција за чистење и уредување на речните водотеци во центарот на село Град, делчевско
Пристигна градежната оператива на Македонија пат во Делчево, ќе се санира клучен проблем кој го засега цел град
Иван Гоцевски: Само во Делчево, градоначалникот ги дели пожарникарите на “ваши и наши”