Реформите во Македонскиот судско-обвинителски систем се најжешката точка како причина за уназадување на Република Македонија и општиот хаос во кој се наоѓа државата.
Правото и правдата станаа мисловна именка а во државата царува хибриден режим кој е причина за суштински проблеми во секојдневниот живот на Македонските граѓани.
Зоран Заев како мандатар на идната влада го предлага Бојан Маричиќ како министер за правда после тоталниот неуспех на претходната министерка Рената Десковска на оваа клучна политичка позиција во државата која треба да обезбедипочеток на некакви реформи во оваа сфера.
Откако и самиот доживеа дебакл Зоран Заев како челник на телото за реформи во судството, со Маричиќ на чело на ресорот правда ќе се бори за спроведување на реформи кои што се првиот важен праг на патот кон ЕУ интеграциите.
За капацитетот на Бојан Маричиќ и неговото штетно минато како функционер на Зоран Заев и СДСМ во изминатите три години на своја прес конференција се обратија од ВМРО-ДПМНЕ денеска од партиското седиште:
“Бојан Маричиќ, од советник на Заев и главен промотор на штетниот Преспански договор, сега се предлага за министер за правда. Министерот во најава е познат по тоа дека ја лажеше јавноста дека референдумот за името бил успешен, но и по неговата изјава дека „Гоце Делчев, кој бил и бугарски херој, не треба да не разделува со Бугарија“.
Бојан Маричиќ, како дел од Шарената револуција протестираше за реформирано судство. Во исто време неговиот родител беше дел од Републичкиот совет на обвинители за потоа да стане Виш јавен обвинител. Против чив непотизам ќе се бори министерот во најава, за какви спреги и кочници помеѓу извршната и судската власт зборуваме?
Како Бојан Маричиќ ќе носи реформи во судскиот систем, кога неговата сопруга на итна седница дента кога беше назначена и додели стипендија од 40.000 евра на ќерката на владиниот колега Никола Димитров? Дали можеби сопругата на Маричиќ ќе остане шеф и на неговиот кабинет, како што беше шеф на кабинет на Дескоска? И всушност зошто Дескоска заминува? Дали е тоа заради тоталниот неуспех да се реформира судството, застарувањето на предмети, очигледните политизирани судски одлуки, политичкиот реваншизам против неистомислениците, договорените казни од стотици години за уставобранителите? Или заради трите амнестии на криминалци од претходниот состав на Собранието?”
-соопшти меѓу другото Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Целата прес конференција погледнете ја во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината