Поминаа цели пет години откако Венецијанската Комисија ги даде своите забелешки по однос на недостатоците и неуставните одредби на Законот за употреба на јазиците.
После подолго време на обиди за градење на етничка нетрпеливост кои што ескалираа пред неколку десетина денови на улиците на повеќе градови низ Македонија на денот на Албанската азбука и потоа, сега на дневен ред на седница на Уставниот Суд закажана за 11 декември (во среда) повторно се прават обиди за етничка поларизација во државата. И во овој случај повторно главни актери на овие деструктивни обиди се луѓе од ДУИ.
Со серија на свои јавни настапи функционери од највисоките структури на ДУИ упорно најавуваат можна радикализација и дестабилизација доколку Уставните судии на токму сега најавената седница на Уставниот суд ги укине противуставните одредби на Законот за употреба на јазиците, што е продолжение на сценариото за нарушување на спокојството на граѓаните, со крајна цел за дискредитација на актуелната власт во државата и остварување на политичките заложби на ДУИ за враќање на власт преку вакви црни сценарија.
Како што претходно пишувавме ваквите обиди на ДУИ се синхронизирани со делувањето на останатите опозициски партии СДСМ и Левица за разнишување на огромната доверба која што актиелното владино мнозинство во парламентот и владата ја имаат од Македонските граѓани.
Во текот на вчерашниот ден за ваквата состојба свој коментар упати Премиерот Христијан Мицкоски:
“Не постои опасност по безбедноста, ниту некогаш сме дозволиле да постои. Предупредувавме и еден од тие обиди е и ова. Има места каде се состануваат поединци кои сакаат да направат безбедносна тензија. Работиме со нашите стратешки партнери и ниту тие ниту ние ќе дозволиме да има безбедносни проблеми”
И покрај ваквите пораки за смирување на можните тензии од премиерот Мицкоски од ДУИ продолжуваат со својот радикален политички говор, потпалувајки ги страстите од минатото кои никому нема да донесат добро во државата.
Уставниот суд кој ќе расправа за уставноста на Законот за употреба на јазиците по забелешките од Венецијанската Комисија цел пет години од нивното соопштување се иззема од политичкиот дискурс во државата и соопштуваат дека нивната работа е во рамки на уставот и законите.
Што и да произлезе од ваквите обиди на функционерите на ДУИ да го свртат вниманието на јавноста кон себе во недостиг на реални политики за подобрување на живеачката за граѓаните а соочени со можни судски разврски и одговорност за нивното работење во изминатите 20 години, безбедносните институции на државата пред се МВР под раководство на Министерот Панче Тошковски во изминатиот период покажаа како се спроведува законот во државата на највисоко ниво на отчетност и транспарентност што секако дава нов квалитет во развојот на демократските капацитети на актуелната власт. Од другата страна опозициски сили преку обиди за дестабилизација пробуваат да го придобијат вниманието на јавноста кон себе што е поигрување со волјата на граѓаните но истовремено и со интелигенцијата на народот кој што на изборите во месец мај јасно и гласно им го покажа местото на СДСМ+ДУИ+Левица во политичкото милје во Македонија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уште е време комитско: Бугарската пропаганда во очај не бира сретства за да ја тера својата агенда
Година на фениксот
Помирен ноќен сон може да се постигне ако ја научите тајната на спиењето на левата страна