БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

10 – те најдобри композитори во историјата на музиката

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Музиката во голем дел не отсликува самите себеси. Кога сме расположени, кога сме тажни, кога ни е здодевно… музиката е лекот на нашите емоции Музиката се издвојува во низа различни стилови и жанрови, но постојат дела кои се безвременски и во кои би уживале сите , без разлика на правецот на музика кој го обожаваме. Ќе ги издвоиме 10-те “Виновници ” на најдобрите дела во историјата на музиката:

1. Лудвиг ван Бетовен

Бетовен е најпознат по тоа што го изгубил неговиот слух и не можел секогаш да го слушне она што го свирел, а неговата музика и ден денес ја негува својата совршеност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

2. Антонио Вивалди

Вивалди умрел во сиромаштија и бил закопан во необележен гроб. Композитор на големи дела, но живеел без никаква финансиска сигурност.

3. Арон Копленд

Композитор со амерички стил, познат како „деканот на американските композитори“.

4. Франц Јозеф Хајдн

Автор на 106 прекрасни композиции. Еден од неговите најпознати ученици бил Бетовен.

5. Петар Илич Чајковски

Рускиот композитор автор на најпопуларното дело „Лебедово езеро“. Интересен факт е што ја мразел и се нервирал додека ја пишувал „Оревокршачка“ – а таа стана едно од неговите најпознати дела.

6. Карл Нилсен

Најпознатиот композитор од Данска кој не се прославил подалеку , за жал. Пораснал во големо сиромашно семејство во 19-тиот век.

7. Густав Малер

Автор на 10 целосни симфонии, сите мотивирани со смртта и задгробниот живот. Неговите дела биле игнорирани цели 50 години по неговата смрт, но со текот на времето почнало да се цени неговото влијание врз класичната музика од 20-тиот век.

8. Јоханес Брамс

Еден од најдобрите музичари на сите времиња. Автор на 4 симфонии кои се едни од најпознатите на сите времиња.

9. Франц Лист

Автор на 700 композиции. Човекот кој живеел во времето на романтизмот и пишувал се до неговата смрт.

10. Модест Мусоргски

Рускиот композитор ја „измислил“ руската музика во неговото време. Најпознатото негово дело е „Ноќ на пустата планина“ кое е третата најснимана композиција за оркестар во историјата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace