11 градоначалници од Источниот плански регион, потпишаа договор за финансирање на оперативните функции на Центарот за развој на источниот плански регион со Министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Министерот Милевски, истакна дека со овој договор ќе се трансферираат околу три милиони денари, на сметката на Центарот, со што Центарот ќе може непречено да работи и да дава подршка на општините, при аплицирање на ЕУ проекти, но и до министерствата.
Во рамките на средбата, истакнато е дека Владата, годинава издвоила 48 милиони денари за регионален развој и дека работи во насока на секојдневно зголемување на средствата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година