Во тек се градежни активности за комплетно уредување на меморијалниот простор „Спомен-костурница“ во Неготино, при што досега е извршено расчистување и одбележување на теренот, а изведени се и над 80 отсто од предвидените земјени работи.
Целта на реализацијата на овој проект е преку реставрација на оваа јавна површина, овој простор да стане место каде што дел од слободното време за одмор, релаксација,забава и рекреација ќе можат да го поминуваат граѓаните на неготинска општина од сите генерации.
За таа цел, ќе се иврши реконструкција на постоечките и изведување на нови скали, изградба на трим и пешачки патеки, летна сцена, фиксни клупи за седење, фонтана, а ќе се обезбеди и паркинг-простор за моторизираните граѓани.
Целиот простор на меморијалниот простор „Спомен-костурница“ ќе биде осветлен и ќе се изврши негово хортикултурно уредување. Средствата за спроведувањето на проектот „Валоризација на културно наследство преку доуредување на Спомен костурницата во општина Неготино“ се обезбедени од Буџетот на општина Неготино и Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа , а се спроведуваат преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. – известуваат од општина Неготино.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ген-Секот на ВМРО-ДПМНЕ со Македонските пратеници Ковачки и Мицевски одадоа почит на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија
Уставниот суд со поддршка на ЕУ отвора јавна дебата за потреба од носење на Закон за Уставниот суд
Кој губи има право да се лути: На СДСМ не им се по ќејф резултатите од последните анкети за истражување на јавното мислење