На 27.12.2025 во 18:48 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат во с.Кадрифаково, светиноколско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, управувано од И.М.(45) од Кочани и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(44) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.М., констатирани во Клиничка болница Штип, при што е констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,56 промили алкохол во крвта. Поради сериозноста на повредите тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
44 годишник од Штип со 2.56 промили алкохол се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа кај с. Кадрифаково


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца