На 27.12.2025 во 16:13 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани, на излез од с.Чардаклија, штипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 607“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.А.(28) од Радовиш и товарно возило „форд транзит“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од с.Горни Подлог, кочанско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.А., а со телесни повреди се здобил возачот М.Ј. и неговите две сопатнички – Л.Ј.(58) од с.Горни Подлог и Ц.З.(62) од с.Чифлик, кочанско, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Сообраќајка на магистралниот пат Штип-Кочани


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ во Кочани
37 годишна жена од Пробиштип влетела дома кај своја сограѓанка и почнала да ја тепа
44 годишен виничанец спречувал службено лице во вршење на службени дејствија и доби кривична пријава од полицијата