ска на прес конференција пратеникот Бетиене Китев во Изјава за медиумите соопшти:
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предовдена од СДСМ продолжува со грижа кон земјодлеците. Исправена е долгогодишната неправда кон лозарите од нашиот регион.
Во текот на вчерашниот ден исплатени се парите кои приватните винарници “Повардарие” и “Стефани Винарија” им ги должеа на лозарите за предаденото грзоје во 2015 и 2016 година.
| 77 милиони денари или над 1,2 милиони евра се исплатени кон над 2.000 лозари од Тиквешкиот регион за неплатеното, а предадено производство. Овие пари се враќаат директно кај лозарите, за да ги вложат во ново производство на квалитетно грозје. Ова е пример за вистинска грижа кон земјоделците, кон лозарите, кон граѓаните. Продолжуваме со спроведување на политиките што обезбедуваат грижа за земјоделците, унапредување на земјоделството и повеќе пари кај секој граѓанин, кај секое семејство. |
Дали ваквото медиумско известување за искористување на јавни буџетски сретства, пренесено преку партискиот интернет сајт на СДСМ со партиски обележја е дозволено според постојната законска регулатива и истото не претставува злоупотреба на јавните ресурси на граѓаните за промоција на една политичка партија во предизборен период, институциите на државата се должни да испитаат и да дадат свој став.
Прес конференцијата е превземена од www.sdsm.org.mk

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар