Традиционална игра, песни и забава го разиграа Плоштадот Магнолија, со настапот на Фолклорната група „Селенце“ и Народниот оркестар „Фокош“ од Војводина. Фолклорната група „Селенце“ се вбројува во елитното друштво на фолклорните групи во Војводина. Оркестарот Фокош потекнува од Бечеј, Војводина, исклучително ја свири унгарската народна музика од Војводина, и по тоа се многу препознатливи. Поминувачите не останаа рамнодушни на прекрасната изведба на гостите и уживаа во нивната традиција.





СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ