БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 24. 05. 2019 година, „Св. Кирил и Методиј“, македонски и словенски просветители, Патрони и Зштитници на Градот Делчево. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во парклисот осветен пред шест години, посветен на „Св. Наум Охридски“ при црквата во изградба посветена на „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодна беседа.

По светата литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите, Градоначалникот на Општина Делчево г. Горан Трајковски и многубројниот православен народ, со иконата на „Светите браќа Кирил и Методиј“ извршија литија од храмот до параклисот посветен на „Св. Климент Охридски“ во дворот на средното училиште ММ Брицо во Делчево каде е изграден и осветен пред четири година овој параклис, во спомен на срушена црквата, во месец Септември 1961 година од тогашната власт, кој била посвететна на „Светите браќа Кирил и Методиј“.

При параклисот Митрополитот г. Иларион изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. По ова во Спомен Дом „АСНОМ“ во Делчево се одража научна трибина „1 150 години од смртта на Св. Кирил“ на која свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Делчево г. Горан Трајковски кој на Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му додели плакета за предлогот „Св. браќа Кирил и Методиј“ да се прославувааат како Патрон и Заштитници на Градот Делчево. Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа и се заблагодари на Градоначалникот и на Советот на Општината за оваа награда.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На трибината свое предавање имаа проф. д – р Александар Атанасовски, редовен професор на Институтот за историја, проф. д – р Снежана Филипова, редовен професор на Институтот за историја на уметноста и археологија, проф. д – р Снежана Веновска – Антевска, редовен професор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.

Превземено од интернет порталот на МПЦ Брегалничка епархија

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace