БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски за Прес24: Измачувањето на народот со оваа власт трае со години. Изборите се решение за иднината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во интервју за порталот Прес24 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборува за предизвиците кои што ја очекуваат државата во претстојната 2024 година.

Едно од прашањата се однесува и за претстојните претседателски и парламентарни избори за кои што Претседателот на опозициската партија вели дека се пресудни за иднината на државата.

“Press24: Влеговме во новата 2024та година, што очекувате од оваа година?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мицкоски: Оваа година би рекол е одлучувачка за иднината на Македонија бидејќи се случуваат двојни парламентарни и претседателски избори кои ќе бидат пресудни за патеката по која ќе се движи државата во наредните години. Овие избори доаѓаат и по тешки години на економско девастирање и системско уништување на секоја здрава клетка во него. Двоцифрена инфлација, рушење на економскиот стандард, скандали и афери од невидени размери. Се губи секоја нишка на пристојност во практикувањето на власта и се рушат сите стандарди за тоа што е морално, а што не. Ваквото измачување трае со години, а единствениот начин е да се случат промени на избори. Изборите ќе бидат моментумот каде народот ќе има можност да има избор и да се избори за иднината која сака да ја донесе за себе и своите најблиски. Затоа оваа година е одлучувачка и сметам дека доаѓаат подобри времиња за Македонија каде со сопствени сили ќе изградиме иднина каква секој еден човек заслужува.”

-стои како одговор на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на прашањето за очекувањата за претстоjната 2024 година.

Целото интервју на Христијан Мицкоски за порталот Прес 24 може да го прочитате на сл. линк тука.

Креирано од:


Пренеси го гласот