Денеска на прес конференција од партиското седиште порттпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски направи краток пресек на алармантно лошите состојби во сферата на безбедноста како и криминалните настани кои како црна хроника ја одбележаа минатата 2023 година.
Стоилковски во своето обраќање пред јавноста наброи повеќе катастрофални исходи во безбедносниот сектор кој што на граѓаните не им гарантира речиси никаква заштита, поради ваквите појави во јавност.
Причините за ваквата состојба која што Стоилковски ја нарече “Никогаш не било полошо” се наоѓаат во кадровите решенија на врвните политички функции во државата пред се премиерот и неговите министри кои што на поле на безбедносниот сектор не можат да се пофалат многу меѓу граѓаните кои се иселуваат токму како една од причините и безбедноста и здравјето во државата.
Ваквата состојба во безбедносниот сектор е недозволива и за нејзино сериозно подобрување потребни се нпови политички решенија во централната власт кои што ќе се артикулираат на наредните избори каде граѓаните на МАкедонија ќе може да кажат со свој глас во каква Македонија сакаат да живеат.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Наум Стоилковски- портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности
Прв заменик-претседател Беким Сали се сретна со европратеникот Матеј Тонин во Брисел
Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број на прекршоци, честитки до граѓаните за почитувањето на сообраќајните правила