БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нова Алтернатива е тука за да донесе право и правда на политичката сцена во Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нова Алтернатива иронично им честита на „најголемите македонски“ партии ДПМНЕ и СДСМ за нивниот успех од Талат Џафери да направат човек за сите времиња и за секоја позиција и функција во државата.

Најпрво ДПМНЕ во 2013 година од Џафери направија министер за одбрана, министер за кој гласаше и Антонио Милошоски кој денеска пак беше најгласен против неговиот избор за технички премиер, иако ДПМНЕ и Мицкоски номинираа за учество во таа иста Влада која Џафери ќе ја предводи и свои министри.

СДСМ од него потоа направија претседател на Собрание, кој ДПМНЕ не го признаваа за потоа да си легнат на брашното нарекувајќи го претседател, кој сега ќе им стане премиер.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Само како трагедија може да окарактеризира ова кое денес се случува во Република Македонија.

Нова Алтернатива е тука да ги потсети граѓаните и да ја истакне дволичноста и лицемерието на корумпираните политички елити во Македонија кои 30 години глумат чувство за идеологија за Македонија, а во исто време си подигруваат и со државата и со македонските национални интереси само за да останат на власт.

Нова Алтернатива е тука за да стави крај на овие корумпирани политички елити и да донесе право и правдата на политичката сцена во Македонија.

-соопштение на Нова Алтернатива

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace