БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започна последната фаза за изградба на конзоли на река Отиња во Штип

Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во јавноста ја пренесе информацијата дека е започната имплементацијата на последната фаза за изградба на АБ конзоли на коритото на река Отиња која што минува низ центарот на Штип.

Со реализацијата на овој проект кој што општината под раководство на градоначалникот Јорданов го имплементира ќе се изградат голем број на нови паркинг места кои што недостасуваат во централното градско подрачје во {тип.

“Продолжуваме со изградба на конзоли и проширување на улиците во централното градско подрачје. Ова е последна фаза од реализација на овој проект преку кој ќе се добијат повеќе паркинг места и побрз проток на возила.”

-информира градоначалникот Јорданов.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот