БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Апасиев до новиот собраниски спикер: Кој постапува правилно? Дали Талат Џафери, со двојазичност, или вие со еднојазичноста?

Пренеси го гласот

АПАСИЕВ ГО СТАВИ НА ИСПИТ НОВИОТ СПИКЕР – МУ ПОСТАВИ ДВЕ ПРАВНИ ПРАШАЊА

🔸️ Процедурално обраќање на претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев до новиот собраниски спикер:

,,Кој од вас двајца постапува правилно? Дали Талат Џафери, со двојазичност за која протестиравме три години, или вие со еднојазичноста? Бидејќи не може од етничката припадност на функционерот да зависи примената на законите!

Според членот 44 од преодни и завршни Одредби од Законот за Влада, кој вели дека заради организирање избори на пратеници, Собранието по предлог на претседателот на Владата, сто дена пред одржувањето избира техничка или преодна Влада – Џафери сè уште не е претседател на Влада и не го исполнува законскиот услов да продолжи Влада!?

Веќе за наредна недела имате закажано седници (комисиски) за административни службеници, вработени во јавен сектор, национални агенции, академии за судии, закон за трговски друштва, НБРМ, МАНУ, нотаријат, шуми… Што е ова, на овие државни институции, во контекст на идните избори!? Каква е таа техничка Влада, ако продолжува со редовна работа до самите избори – па нели е само за организирање избори?”

bregalnickimarketing

-рече денеска претседателот на Левица Димитар Апасиев во процедурално обраќање на седницата за избор на новиот владин кабинет во техничката влада на чело со Талат Џафери.

Креирано од:


Пренеси го гласот