Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Тетовското Кале и црквата Св. Атанасиј заедно со поголема група на граѓани и неколкумина свои соработници.
Тој од ова место кое терористите од УЧК во 2001 година иако со сите сили се обидуваа сепак не успеаа да го окупираат, упати порака по повод празникот Св. Атанасиј.
“Денес во посета на Тетовското Кале и црквата Св. Атанасиј. Нека е за многу години. Тетово е гордо на своите традиции. Заедно да се избориме за промени и победа над хаосот. Тие ја одземаа државата, ние ќе ја вратиме во рацете на народот. Заедно и силно. Момент за промени!”
-напиша на социјалните мрежи лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“